Криминалистичкиот музеј во Полициската академија опфаќа над 3000 експонати кои претставуваат предмети од извршени кривични дела.
Музејот има пред се едукативна функција, бидејќи најповеќе го експлоатираат слушателите кои се наоѓаат на обука во Полициската академија, но отворен е и за посети од надвор. Експонатите се карактеристични по својата содржина и затоа побудува посебен интерес кај посетителите.
   
Криминалистичкиот музеј е отворен на 15.01.1957 година. Просторно бил сместен во рамките на РСВР-МВР. За време на поплавите во 1962 година, а потоа скопскиот земјотрес во 1963 година, претрпува поголеми штети. По неколку месеци музејот е обновен.
Музејот во состав на Полициската академија (поранешен ЦОКОБ) функционира од 1977 година. Поточно од 22.11.1977 година е сместен во музејската зграда во која работи и денес.
Криминалистичкиот музеј има посебно место во едукацијата и обуката на студентите од високото и основното образование, со оглед на целта што истиот ја има, а тоа е да изнаоѓа, истражува, собира, систематизира, стручно и научно да обработува, заштитува и чува музејски материјали од областа на криминологијата и криминалистиката.
Покрај тоа што криминалистичкиот музеј е во функција на Полициската академија и МВР, истиот го користат и е во функција и на другите институции во државата : судовите, универзитетите, средните училишта итн.
Располага со околу 3500 експонати ( предмети кои се во врска со кривичните дела). Голем дел од нив ја имаат вистинската музејска вредност бидејќи дел од нив се од педесеттите години.
Во тек е изработка на Програма за обновување на дел од поставката со експонати од поново време, особено од времето на осамостојувањето па наваму.
Основоположник на музејот е Г-дин Властимир Маџаровски и тој беше првиот кустос.
Покрај него досегашни кустоси биле : Васко Василески и Даница Леонидова. Во моментот кустос е Славчо Стојчев.
Погледнете повеќе фотографии од криминалистичкиот музеј во фото галеријата на овој сајт.
Криминалистичкиот музеј е единствен од овој тип на музеи во Република Македонија.
|